Поранешниот грчки премиер Андонис Самарас остро ја критикуваше владата во врска со договорот постигнат меѓу Атина и Скопје.
Претставите на СИРИЗА не можат да го покријат целосното разочарување на грчкиот народ, вели Самарас додавајќи дека „… здружувањето на претседателот на Републиката со Ципрас не е доволно да ги помати сеќавања на оставштината на (поранешните претседатели –н.з.) Константинос Караманлис и Андреас Папандреу“.
Самарас изјави дека „Константин Караманлис не беше ‘националист’ кога рече изјави дека ‘Македонија е една и е грчка’, ниту Андреас Папандреу не бил ‘авантурист’ велеше дека името Македонија е ‘причина за скандал со Скопје’“.
Според Андонис Самарас, владата не само што „го даде името“, туку и етничката припадност и идентитетот и јазикот … и создаде повеќе причини за недоразбирање во иднина и ја поткопува стабилноста на регионот.





