Сомневањата дека постои „план“ според кој ЕУ сака да ги задржи надвор од нејзините граници идните бегалци, мигранти и потенцијални баратели на азил и дека тие очајници од Блискиот Исток размислува да ги смести во „регионот на Западен Балкан“ полека почнваат да се потврдуваат.
Европската комисија вчера й додели 1,5 милиони евра на Босна за да й помогне да се справи со приливот на мигранти што минуваат низ неа кон Западна Европа.
„Бројот на бегалците и мигрантите кои пристигнуваат во Босна и Херцеговина се зголеми и ние мора да дејствуваме брзо“, вели еврокомесарот, Христос Стилианидес.
Тој додаде дека средствата треба да ѝ помогнат на балканската земја да ги исполни основните потреби на мигрантите и да обезбеди итни засолништа, храна и здравствена помош, како и заштита , рече тој во изјавата.
Повеќе од 5.500 иелегални имигранти влегле во Босна уште од почетокот на годината, особено млади мажи, но во последно време и семејства со деца, претежно од Иран и од Пакистан.
Нивниот број сè уште не се споредува со стотиците илјадници мигранти кои избегаа од војната и сиромаштијата на Блискиот Исток, Азија и Африка, кои пристигнаа во Европа во 2015-16 преку „Балканската рута“ и која беше „затворена“ во 2016 година.




