Утринава селекцијата замина за Анталија каде во следните 4 дена ќе одигра три пријателски со Турција, Русија и Литванија кои треба да ни помогнат да бидеме подобри во можеби, најважните средби за оваа генерација. Тоа се дуелите со Шведска на 10. и 13. јуни во Скопје односно Истад, во кои ние од позиција на аутсајдер ќе се обидеме да приредиме изненадување, да ја совладаме во вкупниот биланс Скандинавската репрезентација и да се најдеме на Светското првенство во Германија на крајот од годинава.



Селекторот Симе Симевски го скрати составот на ова патување на 18 ракометарки кои за десет дена (20.30) во Борис Трајковски во Скопје треба да ни обезбедат сензација против Шведска и да го отворат патот за враќање на мундијалската сцена.