Како што дознава expres.mk целата операција за промена на името на техничко меѓувладино ниво во моментов ја водат двајца премиерски советници.
Бојан Маричиќ, специјален советник на Заев и Емануел Калпадакис човек од доверба на Ципрас одговорен за македонското прашање во неговиот кабинет.
Тие двајца според грчки владини извори се во постојан телефонски контакт и ги договараат деталите за договор.
Целата операција на договарање треба да заврши со средба на Ципрас и Заев во Преспа во местото Пили на почеток на јуни каде што во 2010 година се сретнаа тогашните премиери Груевски и Папандреу.
Дел од грчките медиуми, ги објавија чекорите со кои треба да се дојде до финализирање на договорот за името.
Планот е откако ќе завршат преговорите на експертските тимови за техничките и правните прашања, да следува телефонски разговор на Заев и Ципрас, што според државната телевизија „ЕРТ“, би се остварил до четврток или петок.
Грчката телевизија „Скај“ објави дека прашањето со ерга омнес и понатаму е разликата во позициите на двете страни, но во грчката влада се уверени дека Заев ќе им јави дека Македонија прифаќа Ерга омнес и измена на Устав за Северна Македонија.




