Република Илинденска Македонија (Рим) е умно решение за името смета британскиот новинар,аналитичар и експерт за Балканот Тим Џуда кој долги години го следи спорот за името.
Според него македонските националисти не можат да најдат мана на овој предлог, Грците нема да го разберат а никој нема да го користи.
И Џуда и други корисници на Твитер платформата за означување на земјава на шега ја користат кратенката iMac која е создадена од Илинденска и Македонија.





