Владика Наум: МПЦ се обидува да ја украде бугарската историја

Членот на синодот на Бугараската православна црква владиката Наум тврди дека МПЦ се обидува да ја присвои историјата на бугарскиот народ.



Русенскиот митрополит Наум излезе со изјава по обидите на нецрковни фактори да ја променат одлуката за промена на одлуката БПЦ да не учествува на прославата на 1000 години Охридска Архиепископија што МПЦ ја организира во Охрид на 27 мај.

Expres.mk веќе објави дека бугарски владини и невладини фактори се обидуваат да најдат решение за проблемот што настана на релација БПЦ – МПЦ со прославата во Охрид.

Во својата позиција во врска со шпекулациите дека мнозинството од членовите на светиот синод на БПЦ се предавници затоа што откажале да одат на настанот во Охрид Наум, тој објаснува во пет точки зошто е донесена таква одлука.

1. Бугарската православна црква-Буггарска патриаршија никогаш немала намера да се откаже од својата многувековна историја и канонско достоинство, какако наследник на историската Бугарска Охридска архиепископија независно од политичката конјуктура.

2. За нас е неприфатливо претставнници на БПЦ-БП да земат учество во Охрид затоа што нивното присуство таму ќе предизвика национално предавство. Имено БПЦ така ќе прифати дека една нова црковна формација која денес се нарекува МПЦ – ОА создадена од политички причини пред неколку децении ја присвојува историјата на бугарскиот народ .

3. Бугарските архиереи имат обврска да внимаваат на достоинството на својот национален идентитет и да постапуваат според каноните на Православната црква притоа да не дозволуваат било какви отклонувања од единството на Светата Соборна и Апостолска црква.

4. Секакво обвинувања дека БПЦ нема потреба да се плаши од евентуална шизма, признавајќи ја еднострано и своеволно Македонската црква”, се плод на абсолутна неадекватност и стремеж за безредие, а поддржувачите немаат право да се нарекуваат православни христијани.

5. Во писмото испратено од митрополит Стефан од Скопје, во кое се бара БПЦ-БП да стане Црква-мајка на Македонската црква, јасно се вели дека „Македонската православна црква-Охридска архиепископија ќе ја прифати БПЦ-БП како Мајка црква, ако таа прва ја признае нејзината автокефалност”, т. е. оваа нивна желба не е безусловна, се вели во обраќањето на Владиката на БПЦ Наум.

Expres.mk пред десетина дена објави дека решението на владиците на БПЦ да не одат во охрид е резултат на силно лобирање на руската црква која што има сличен проблем со Украинската црква и дека во контактите со БПЦ учествувал руски генерал кој има добиено српски црковен орден.