По потонатата „Илинденска“, две имиња се враќаат на маса

Со соопштението објавено вчера попладне, грчката влада стави „надгробна плоча“ во планот за „илинденско“ решение на проблемот со името на северниот сосед.



„Ни 24 часа е издржа … чудото наречено ‘Илинденска Македонија’ или Република Илинденска Македонија што Скопјаните го фрлија на масата“и  кој предизвика  многу лоши сеќавања во Грција, коментира денеска порталот In.gr.

Како што и се очекуваше, овој предлог беше отфрлен од страна на сите партии, иако за владата се чинеше дека може да биде основа за договор со апсолутно потсетување дека ова ќе се направи само преку уставни измени и употреба erga omnes.

Сега, се оценува во написот , преговорите со ФИРОМ се враќаат на самиот почеток, или попрецизно, таму каде го оставија Коциас и Димитров, во присуство на Метју Нимиц и неговите пет предлоци за име: Република Нова Македонија, Република Северна Македонија, Република Горна Македонија, Република Вардарска Македонија и Република Македонија (Скопје).

Од овие две сепак најприфатливи се „Нова“ и „Горна“ …

Преговорите влегуваат во друга фаза по потонатиот „Илинден“, и јасно е дека и Европа и САД притискаат за решение што е можно поскоро. Вашингтон би сакал да го укине ќор-сокакот и да ѝ даде карта за влез во Атлантскиот сојуз на Медонија, стравувајќи дека ако има одложување ќе се создаде вакуум кој ќе го искористат Русите и Турците за влијание.

Времето е кратко и многу е тешко да се постигне договор кој треба да биде ратификуван од двете земји до јуни, а воедно и да се одржи референдум во Скопје.

Не е невозможно соседната земја да добие „препорака“ за НАТО, но не и за полноправно членство, и за постигнување договор во некој преоден период.

Во Грција, сепак, не е лесно да се дојде до заедничка позиција околу името, но можеби е уште потешко ќе биде во пјРМ по отфрлањето на „Илинденска Македонија“, заклучува порталот.