Мандатот на актуелниот гувернер на Народната банка на Република Македонија, Димитар Богов, истекува утре.
Собранието на утрешната седница треба да произнесе по предлогот на претседателот Ѓорге Иванов, на местото на Богов да дојде Анита Ангелковска-Бешоска, сегашен вице-гувернер на НБРМ.
За да помине предлогот на шефот на државата, тој треба да биде поддржан од најмалку 61 пратеник.
Предлогот, многу веројатно ќе добие поддршка. СДСМ, како што изјави деновиве координаторот на пратеничката група Томислав Тунтев, позитивно гледа на новиот предлог на претседателот Иванов.
Иванов претходно го предложи Димитар Богов, кој седум години беше на чело на НБРМ, да остане во уште еден мандат што наиде на несогласување кај владејачкото мнозинство, по што и Богов ја одби понудата на претседателот.
Доколку биде избрана, Анита Ангеловска-Бежоска на оваа функција ќе дојде од вицегувернерско место во НБРМ, каде осум години беше задолжена за областите монетарна политика, истражување и статистика, а по втор пат за вицегувернер е избрана во септември 2017 година, кога добила поддршка во Собранието од 97 пратеници.





