Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, вчера во Тирана имал средба со албанскиот претседател, Илир Мета.
Албанските медиуми јавуваат дека на средбата било разговарано за активностите на Македонија и Албанија по самитот во Софија, активностите на Скопје и Тирана за интеграција во ЕУ и за примена на законот за јазици, пренесува Макфакс.
За средбата нема никаква најава на веб страната на Секретаријатот за европски прашања.




