Претседателот на Обединетата Македонска Дијаспора Методија Колоски објави предавање на американскиот амбасадор Ричард Холбрук чија булдожер дипломатија ја заврши војната во поранешна Југославија.

Во март 2002 година на Универзитетот Џон Хопкинс одржал предавање за состојбата на Балканот.
Еве извадок од прашањата и одговорите посветени на Македонија и спорот за името.
Прашање: Како треба да се нарекува Македонија
Одговор: Македонци
Прашање: Нивната земја?
Одговор: Македонија
Прашање: Нивниот јазик
Одговор: Македонски
Прашање: Како да се реши проблемот со Грците
Одговор: Грците мораат да научат да се прилагодат
Холбрук почина во 2010 година и не доби можност за решавање и на спорот за името иако во 1995 година беше главниот фактор за потпишување на Времената Спогодба.




