Премиерот официјално потврди: Илинденска за севкупна употреба, бара помош

– Прифакаме Илинденска Македонија за севкупна употреба, изјави премиерот Заев по денешната лидерска средба.



Според него Грција останува партнер кој ќе даде поддрпка за ЕУ и НАТО ако падне договор. Заев бара поддршка од сите чинители за да се спроведе ова сценарио.

– Информирав за последната фаза од преговорите за спорот за името. Со целосна одговорност, внимателност и посветеност на државните интереси ги информирав претседателот на државата, на Собранието, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ дека владите на Македонија и Грција разговараа за опција и решение, кое може да биде прифатливо и за двете страни. Република Илинденска Македонија е можен компромис, на англиски Republic of Ilinden Macedonia, на албански Република Илиндитасе е Македонис, изјави Заев.

Истакна дека со овој предлог се зајакнува темелот на нашата држава. Илиден, додаде е нашата светла иднина, со ова име го зајакнуваме нашиот идентитет, а македонскиот Илинден е гаранција за мултиетничка Македонија.
Заев нагласи дека со можниот договор ќе добиеме финална потврда за македонскиот јазик, гаранција за идентитетот и за меѓународните кодови.
– Ќе прифатиме севкупна употреба за ова име, а за внатрешна употреба ќе се спроведува во фази, рече Заев и најави референдум, нешто што грчката страна го прифатила.

На средбата присуствуваа претседателот Ѓорѓе Иванов, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

На средбата беа присутни и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и шефот на дипломатијата Никола Димитров.
Пред Клубот на пратеници во исто време се одржуваше протест на мала група луѓе против преговорите за промена на името на Македонија.

Ако Грција не дај боже одбие ќе се бараат други решенија изјави Заев во Скопје по средбата со лидерите на политичките партии и претседателот Иванов.

Процесот на завршување на спорот ќе се случува етапно а решението ќе биде верификувано на референдум.