„Призма“: Руска врска во кабинетот на Ципрас му пренесува на Иванов тајни за името

Новинарката на проектот „Призма“, Катерина Блажевска, тврди дека одлуката на грчкиот Врховен суд за ослободување на двајцата припадници на УБК, Грујовски и Бошковски, е плод на соработката што ја има ексвладата на ВМРО-ДПМНЕ со структури во Грција.



Блажевска бара Владата да поднесе кривична пријава за претседателот Ѓорге Иванов, кој, според неа, е виновен за аболицијата на двајцата бегалци на која се повика Атинскиот суд при одбивањето на екстрадицијата.

Во коментарот за „Призма“ авторката тврди дека Иванов од страна на структури во Атина, од кои дел имаат руска врска, добива информации за името непосредно по разговорите меѓу Заев и Ципрас.

Добро информираната новинарка со тоа практично тврди дека преку т.н. „вмровско-јужни канали“ руски оперативци во кабинетот на Ципрас му издаваат грчки државни тајни на македонскиот претседател.

Блажевска е убедена дека и последниот предлог на Скопје, Илинденска Македонија, е плод на оваа шема, иако точно се знае кои профили на социјалните мрежи и медиуми први го објавија предлогот на Заев до Ципрас.
Линкот до целата анализа на „Призма“