Зошто еден македонски Турчин е против Илинденска Македонија

Новинарот Ердем Ахмет објаснува зошто е против предлогот Илинденска Македонија:



1. Ако погледнете во речникот на Македонски јазик ќе видете дека терминот е црковен и претставува христијански празник. По таа логика Божиќна или Велигденска Македонија би требало да биде прифатливо решение.

2. На 2 Август 1903 година имало востание на христијанското население против Османлиската власт. Муслиманите Албанци, Македонци и Турци не учествувале во востанието.

3. Илинден е именка . Тоа значи дека кога ќе кажеме во странство дека сме од Илинденска Македонија не би ме зачудило ако некој не именува како Илинденец.

4. Ние сме секуларна држава и не добро во името на државата да стои црковен термин.

5. Прифаќањето на еден ваков предлог ќе создаде поделба во општество по религиозна основа.

6. Овој предлог создава симболика дека борбата против Османлиската власт е тоа што не спојува. Сите народи во Македонија учествуваа во НОБ . По оваа логика повеќе би не споило името
Антифашистичка Македонија.

Ако и покрај се оваа влада застане зад овој предлог тогаш инсистирам да се одржи референдум за да можам јасно и гласно да кажам НЕ, вели Ахмет.