Ѕанакопулос: На маса многу имиња, но ништо конкретно

„Многу имиња се најдоа на преговарачката маса. Во овој момент, не можам да кажам нешто повеќе“, изјави денеска во Атина портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос.



Во интервју за радиото Алфа 989 тој рече дека преговорите не може да бидат предмет на јавна дискусија , пренесе МИА, но потенцираше дека „во овој момент, немаме стигнато до нешто конкретно“.

„Она што е сигурно е дека постои политичка волја. Сепак, како што кажа и премиерот, имаме уште пат да изодиме за да стигнеме до заемено прифатлив договор. Така функционираат преговорите. Не можеш да го предвидиш успешниот исход.

Секако, можеш да работиш во оваа насока. И ова, Ве уверувам, дека го прави грчката влада, со чувство на одговорност за решавање на едно прашање што ја измачува нашата земја, но и поширокиот регион, над 30 години“, објаснил Ѕанакопулос.

„Дискусијата за какво било име е празна содржина доколку прво не се исполнат двата предуслови – ерга омнес ос уставна ревизија и спроведување на уставната ревизија за ради интеграција во ЕУ и НАТО“, се вели во соопштението од кабинетот на Ципрас до медиумите, лиферувано денеска.