Приштина не ги исполни условите за визна либерализација, па с’е поголем број млади луѓе од Косово поднесуваат барање за добивање уверение за државјанство од Србија.
Порталот „Телеграфи“ повикувајќи се на косовската РТВ Дугаќини, пишува дека оние кои бараат државјанство ги поднесуваат барањата во косовските општини Грачаница и Ново Брдо, во кои има доминантно српско население и каде,како што се вели, се уште се во сила законите на Србија.
„Бидејќи граѓаните на Косово сé уште не можат да се движат без визи во земјите од Европската унија, многу млади луѓе наоѓаат други начини… пренесува Б92 и „поднесуваат барање за добивање виза државјанство на Србија“.




