Премиерот Зоран Заев најави дека утре ќе се одржи лидерска средба на која ќе се разгледатекот на разговорите за разликите околу името со соседна Грција.
Средбата е закажана во Клубот на пратениците во Скопје а премиерот и МНР Никола Димитров ќе ги информираат претседателот на државата Ѓорге Иванов и лидерите на политичките партии за преговорите со Грција за спорот со името, најави премиерот Заев во Охрид.
Викендов лидерска средба ќе има и во Атина, јавија грчките медиуми.
Лидерските доаѓаат по вчерашните средби на премиерите на Македонија и на Грција во Софија.
На прес конференцијата вчера, премиерот Заев изјави дека е утврдена една опција што е прифатлива за двете страни, но дека за неа прво треба да се консултираат со сите релевантни фактори во своите земји.
Ципрас беше малку повоздржан и изјави дека е се уште рано да се говори за решение на долгогодишниот спор.




