Железничка линија меѓу Македонија и Бугарија ќе биде готова до 2023 година наместо претходно планираната 2025 година.
Такви се очекувањата на генералниот директор на јавното претпријатие „Македонски железници – Инфраструктура“ Ирфан Асан, и генералниот директор на бугарската Национална компанија „Железничка инфраструктура“ Красимир Папукчијски .
Асан и Папукчийски вчера изјавија дека приоритет е изградбата на железничкиот дел од Коридорот 8 на кој, според претпоставките, дневно ќе сообраќаат по десетина парови товарни возови на линијата на релација Скопје-Софија.
На македонскиот дел од железничката линија треба да се изградат три делници: Куманово-Белјаковци (31 км), која е единствената на која почнаа градежни активности, Белјаковци-Крива Паланка (32 км) и Крива Паланка-Деве Баир (23 км), а за комплетно поврзувањео треба да пробие тунел од 2.400 метри кај Деве Баир.





