По вчерашната „информација“ дека предлогот за решавање на спорот со името наводно бил „Република Илинденска Македонија“ на социјалните мрежи се отвори „жерстока“ расправа меѓу оние кои подржуваат и оние кои со индигнација отфрлаат вакво решение…
Издвојуваме еден од пооригиналните аргументи зошто таквото име не е прифатливо:
„Илинденска е име на улица, а не на држава“.
НОВА ТВ, повикувајќи се на дипломатски извори, пишува дека новиот предлог за името е сепак Република Илинденска Македонија, а пакетот решение предвидува јазикот на биде македонски, а во графата државјанство да стои „Граѓани на Република Илинденска Македонија“.




