БЕСА и ДПА добиваат министри во Владата

Со најавената реконструкција, партиите на Албанците, БЕСА и ДПА, ќе добијат по едно министерско место, за што неофицијално бил постигнат договор синоќа на средбата на лидерите на овие две партии со премиерот Зоран Заев.



Како што дознава Канал 5, БЕСА на Африм Гаши ќе го добие Министерството за култура, а ДПА на Мендух Тачи ќе добие министер без ресор.

Крилото на БЕСА на Билал Касами најави дека ќе делува од опозиција.