Командант “Малишева”, кој е осуден на доживотен затвор за нападот во „Диво насеље“, напишал писмо од затворот во кој ја одлежува казната, пренесува косовскиот весник Бота Сот.



Мухамед “Анди” Красниќи апелира до своите другари кои според него ги има 1300 да запрат со активностите и намерите во Македонија затоа што Груевски го нема а САД и ЕУ се придвижени. Малишева очекува неговите другари да придонесат за земјата на други начини, а не со војна.

„Апелирам до сите ветерани, соборци, нашите браќа, оние кои имаат храброст, што ја дадоа својата Беса да продолжат со ослободителната војна таму каде што ја оставивме ние, да не го сторат тоа. Знам дека сте над илјада и триста членови што се жртвувавте, Ве повикувам да не го сторите тоа бидејќи процесите се движат напред и сега кога и САД и ЕУ се посветени на движењето на процесите кон иднината и за нас Албанците ќе има светла иднина. Придонесете за земјата таму каде што живеете на други начини не со војна, ќе покажеме дека сме за мир. Не сакаме крвопролевање, доста е со страдања и солзи. Правдата за нас сигурно ќе триумфира, демократските сили владеаат сега. Груевски и неговите руски банди си заминаа и не се враќаат веќе. Ве повикувам да престанете, бидејќи ве сакам како себе си и не сакам да страдате и да страда мојот народ, не сакам на мојата држава да му биде ставена црна дамка за дестабилизација“, пишува Командант Малишева, пренесува Бота Сот.