Партиски извори кои инсистираат на анонимност за „Газета Лајм“ велат дека во ДУИ тлее конфликт меѓу вицепремиерите Хазби Лика и Бујар Османи.
Причина за овој судир, се политиките на Османи во областа на евроинтеграциите и неговиот обид неуспехот да го покрие мешајќи се во области кои не се во негова надлежност, нешто што му пречело на Хазби Лика, пренесува Тетовасот.мк
Овие информации официјално не се потврдени од страна на ДУИ, а изворите не откриваат која страна во оваа „расправија“ ја зазел претседателот на партијата, Али Ахмети.
Хазби Лика и Бујар Османи се двајцата главни фаворите за лидер на ДУИ по повлекувањето на Ахмети од политиката што се очекува по влезот на Македонија во НАТО.





