„Сметам дека во соодветно време, кога ќе проценам дека треба да се прати законот до ‘Службен весник’, тој ќе се објави и потоа да можат другите надлежни институции да се произнесат во однос на текстот на законот, односно за оние укажувања и дилеми кои се искажаа во јавноста“, вели спикерот на Парламентот, Талат Џафери, во денешното интервју за Радио Слободна Европа.
Џафери вели дека проценката кога тоа ќе се случи е лично негова и ги отфрла шпекулациите дека од неговата партија ДУИ се калкулира со тоа прашање да биде употребено како тема за предвремени парламентарни избори, кои би се одржале со претседателските в година.
„Сметам дека тоа не е став и калулирање на на ДУИ и на која било од политичките партии, затоа што законот е веќе донесен по втор пат и нема каква калкулација да се направи во однос на тоа“, вели Џафери за Радио слободна Европа.





