Ванчо Орданоски, брат на новинарот и аналитичар Сашо Орданоски, на социјалната мрежа „Твитер“ поставува незгодни прашања за премиерот Зоран Заев.
Орданоски зборува за користење на инсајдерски информации за приватни бизнис цели, за што се оди в затвор.
„Дали ‘бизнисот со марихуана’, кој го започнува Заев, е базиран на инсајдерски информации од Владата дека ќе биде легализирана трговијата со опојни дроги?
Зашто за тоа – користење на инсајдерски информации за збогатување – се оди во затвор“, пишува Орданоски, кој на „Твитер“ постира под профилот Mindplumber.
Ванчо Орданоски е еден од највлијателните твитерџии и основач на ИТ-бизнисот во Македонија.





