Владиката преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски на МПЦ-ОА вчера избегал среде претставата „Фигурае венерис хисторија“ во изведба на театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, во која биле вклучени сцени со алузии на сексуален акт, пишува „сдк.мк“.
Претставата беше прикажана синоќа на отворањето на 20. Интернационален фестивал на монодрама во Центарот за култура во Битола.
Во претставата немало голотии, туку сцени во кои актерите глумеа дека се сексаат. Битолчани што ја следеа претставата велат дека владиката си заминал токму кога на сцена неколку пара актери глумеле дека водат љубов.
Линк до целата информација на сдк.мк





