Универзитетот „Чумхуриет“ од турскиот град Сивас вчера му доделил почесен докторат на македонскиот претседател Ѓорге Иванов.
Во своето обраќање пред универзитетот, Иванов зборувал за односите меѓу Македонија и Мустафа Кемал Ататурк основачот на турската република.
„Ататурк ја научи важноста да се живее заедно во Македонија. Македонија е местото каде што тој го формирал својот карактер и поглед кон светот“, изјавил Иванов во Сивас.




