Потпретседателката на Бугарија, смета дека познавањето на бугарски јазик треба да биде задолжителен критериум за стекнување бугарско државјанство.
„Мора да има јасни и прецизни критериуми, за да нема сомневања дека бугарски пасоши се издаваат на луѓе кои немаат никаква врска со нашата земја. Крајно време е познавањето на бугарскиот јазик да биде главен критериум“, изјави потпретседателката Илијана Јотова за медиумите.
Таа изрази надеж дека бугарскиот парламент ќе направи промени во Законот за бугарското државјанство, Законот за Бугарите во странство и Законот за престој на странците во Бугарија, кои сега во некои делови си противречат. Потпретседателката се заложи за законодавствокое ќе ја направи процедурата за добивање државјанство не побрза, туку потранспарентна.
Како што пренесува БТА, Јотова изјавила дека „по признавањето на бугарското малцинство во Албанија, што несомнено е успех за Бугарија, барањата на албанските граѓани за стекнување на бугарско државјанство се зголемија“.





