На прославата по повод 1000-годишнината од Охридската Архиепископија, ги поканивме првите луѓе на Бугарската православна црква и на државата. Се надеваме дека ќе прославиме заедно, изјави за БГНЕС Архиепископот Стефан, духовен водач на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.



„Охридската архиепископија е важна за сите православни народи што живеат на овие земји. Поради оваа причина, верувам дека оваа годишнина мора да биде обележана од сите народи кои влегле во својата епархија. Верувам дека на свеченостите ќе имаме гости од соседните народи и од соседните цркви“, изјацви г.г. Стефан.

Тој уште додаде дека се надева „дека ќе бидат со нас на чевствувањето во Охрид“ бугарскиот патријарх и бугарскиот државен врв.