За Кипар, независноста на Косово е нелегална

Кипарскиот претседател Никос Анастасијадис денеска во Белград изјави дека едностраното прогласување независност на Косово е незаконско.



На заедничка прес-конференција со својот колега и домаќин Александар Вучиќ, Анастасијадис рече дека местото на Србија е во Европска унија и дека Белград за тоа ќе има целосна поддршка од Кипар.

„Претседателе пријателе, може да се потпрете на нашата силна поддршка за територијалниот интегритет на Србија. Република Кипар не го признава еднострано прогласеното Косово сè додека е во сила Резолуцијата 1244“, рече кипарскиот претседател и додаде дека сè додека е во сила таа резолуција „декларацијата за независноста на Косово ќе биде незаконска“.

Кипар, како и Шпанија, Грција, Романија и Словачка, не ја признаваат независноста на Косово.

Таквата ситуација го проблематизира одржувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија следната недела.