Софија оди контра ЕУ и НАТО, срамно е што Бугарија ја злоупотребува унијата за редефинирање на македонскиот идентитет

Официјална Софија е влезена во опасен наратив, спротивен на стратешките интереси ЕУ и НАТО. смета шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски кој денеска ја повика Бугарија да се однесува рационално со Македонија.



Прашан за став за изјавата на бугарскиот премиер Желјазков кој се пожалил на претседателот на ЕС Антонио Кошта за говор на омраза од македонските власти, Муцунски изјави дека никој од официјалните државни претставници никаде не сториле говор на омраза кон Бугарија.

Муцунски смета дека е срамота во 21 век, сосед, кој е членка на ЕУ, да ја користи позицијата како алатка за редефинирање на македонскиот идентитет.

,,Она што го прави Софија во последниот период, оној експлицитен обид од кој стравуваме и со сите наши сили се спротивставуваме за редефинирање на нашиот идентитет е ретрограден, не му користи на регионот и на народите на двете земи, кои за жал поради таквиот однос се сè повеќе оддалечени едни од други”, порача Муцунски.

Шефот на дипломатијата повтори дека владата нема да отстапи од црвените линиии, но и дека ќе направи се што може, за да упати, на како што кажа – разум и свест во рамките на европските институци.

За гласањето во Комисијата за надворешна политика на Европскиот Парламент рече дека е историски момент, но не и момент за триумф и дека не се знае каков ќе биде извештајот што ќе биде усвоен на пленараната седница на Европарламентот.

Во меѓувреме во Софија внатрешни препирки и остри тонови на тема Македонија. Румен Радев ги критикуваше бугарската влада и политичари дека не можат да го наметнат нивниот национален интерес во своите политички семејства и сестрински партии.

,,Сега гледаме дека не само што одбраната на националниот интерес од страна на Владата не е на потребното ниво, туку ова го поставува прашањето дали тие се свесни што точно е нашиот национален интерес во однос на Македонија и како се брани”, порачува Радев од Софија каде ги критикува владејачките партии за поразот од Македонија во ЕП.

Најчитани статии

Дали молчењето секогаш е злато

Знае ли германскиот европратеник што не прогласи за ,,модерни”, што мисли Бундестагот за Македонците?