Захариева: Самит во Софија ќе има, нема да пропадне поради Косово!

Средбата на лидерите од ЕУ и од Западен Балкан ќе се одржи, категорично изјави министерката за надворешни работи на Бугарија  и вицепремиер Екатерина Захариева воврска со сомневањата на некои набљудувачи дека присуството на делегација од Косово – Самитот може да пропадне.



„Пет држави од ЕУ  кои не го признале Косово – секоја од нив заради свои внатрешнополитички причини. Многу поважно е дека декларацијата од Софија беше одобрена, добивме потврда од сите земји дека ќе учествуваат“ изјави вицепремиерката.

Захариева потсети дека косовските претставници веќе многу години се канат во разни европски формати и сега ќе бидат исполнети одредени барања во протоколот кои ќе ја овозможат средбата.

Бугарските власти и европски дипломати бараат се обидуваат да најдат формат во кој на заедничка маса би се нашле претставници на земјите членки од ЕУ и од Западен Балкан.

Шпанија, Грција, Кипар,Словачка и Романија не го признаваат Косово, а шпанскиот премиер Маријано Рахој изјави дека не сака да се појави на средба и на заедничка фотографија на која присуствува и претставник од Косово.

Самитот ЕУ-Западен Балкан треба да се одржи на 17 мај во Софија а за Бугарија тој е најзначаен настан за време на нејзиното претседавање со ЕУ.