Зоран Заев со сопругата на гости кај Рамуш Харадинај

„Заедно со Анитен, го поздравивме нашиот личен пријател и македонски колега, Зоран Заев, со неговата сопруга Зорица, со желба за нашето пријателство да размислуваме за односите меѓу нашите две земји и народи“, напиша на својот ФБ профил косовскиот премиер Рамуш Харадинај.



Тој и сопругата вчера беа домакини на Зоран Заев кој со сопругата Зорица беа во приватна посета на семејствто Харадинај во Приштина.

Посетата коинцидираше со тригодишнината од настаните во кумановско „Диво насеље“.

Косовската влада на семејствата на загинатите и затворените косовски државјани кои учествуваа во тој настан им исплати по 10.000 евра.