Мицкоски: Ги поставивме темелите на поинаква Македонија

Седум години гласот на народот беше пригушен. Седум години тишината стануваше правило, а неправдата навика. Не почнавме од нула, почнавме од минус. И пак, решивме: ќе почнеме. Ги поставивме темелите на една поинаква Македонија. Ги градиме темелите на промените, се вели во фејсбук објавата на премиерот Христијан Мицкоски.



Како што се вели во објавата , ова е година на враќање на достоинството, на правдата, на грижата.

-Не почнавме од нула. Почнавме од минус. Од темелите што не беа темели, туку пепел и прав. И пак, решивме: ќе почнеме. Ќе градиме. Ќе веруваме. Ќе се исправиме.. Ги поставивме темелите. Темелите на една поинаква Македонија. Не Македонија од памфлети, туку Македонија на срце. Година на враќање – на достоинството, на правдата, на грижата. Година што ќе ја паметиме – како првата, кога почна новото време. Македонија не е мит. Македонија не е ветување. Македонија е реалност што ја градиме. Сега. Со тебе. Со нас. За сите. Доаѓа Времето на Македонија. Ги градиме темелите на промените – се вели во фејсбук објавата на Мицкоски.

https://fb.watch/ArxBEqJp2d/