Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се сретнала со генералниот секретар на Постојаниот арбитражен суд во Хаг
На средбата се разговарало за продлабочување на соработка на повеќе полиња.
,,Остварив средба со генералниот секретар на Постојаниот арбитражен суд во Хаг, д-р Марцин Цепелак.
Во време на зголемени глобални тензии, механизмите за мирно решавање на спорови, како што е Постојаниот арбитражен суд, се неопходни за зачувување на меѓународниот мир и стабилност.
За сите држави, а особено за малите и средните, почитувањето на меѓународното право не е само правна обврска, туку и морален императив.
Подготвени сме да ја продлабочиме соработката со ПАС преку институционални партнерства и програми за млади правници, затоа што во правото и правдата лежи трајниот мир”, објави Сиљановска Давкова која денеска и утре учествува на самитот на НАТО во главниот град на Холандија.






