Вучиќ забрани извоз на оружје и муниција

 

Министерството за одбрана на Србија објави дека „во согласност со упатствата на претседателот на Републиката, врховниот командант на српските вооружени сили и претседателот на Советот за национална безбедност, Александар Вучиќ, извозот на оружје и воена опрема произведена во Република Србија е суспендиран“.



Иако не е наведено во самото соопштение за медиумите, се претпоставува дека оваа одлука следела по информации што се појавија во текот на вчерашниот ден за продажбата на оружје произведено во Србија на купувачи во Украина и Израел.

Службата за надворешно разузнавање на Руската Федерација, според информациите што ги добила, објави дека украинската армија била многу благодарна на српските производители на оружје и муниција за нивниот придонес во одржувањето на борбената готовност на украинските вооружени сили.

Муницијата произведена во српските одбранбени фабрики, главно за тешки системи со долг дострел, се испраќала во земјите на НАТО во форма на делови за склопување, а натаму завршувале во Украина.

„Ова му овозможува на Киев официјално да прима не српски воени производи, туку оние склопени во фабриките за оружје на западни земји.

Муницијата се склопувала и инсталирала главно во Чешка и Бугарија.

Во исто време, производителите во Србија биле свесни за вистинските купувачи на нивните производи“, објави бугарски „Сега“