Рускиот претседател Владимир Путин открил зошто не застана зад Иран во војната со Израел, пренесува еден од стоте највлијателни профили на социјалната мрежа Х поранешен Твитер.
Иако Русија е партнер со Иран и има потпишано договор за соработка сепак рускиот претседател стои настрана од конфликтот меѓу Тел Авив и Техеран.
Кога беше прашан зошто не му помага на Иран Путин ја повтори информацијата која сите ја знаат но никој не ја зема предвид.
Пресудни за руската воена неутралност се огромниот број на руски и советски Евреи кои по распадот на Советскиот сојуз се преселија во Израел.
„Израел денес е речиси рускојазична земја, таму живеат два милиони луѓе од Советскиот Сојуз и Русија. Ние го земаме тоа предвид“, е одговорот на рускиот претседател.
Видеото го објавува Др. Ели Коен , израелски истражувач и еден од сто највлијателни профили на социјалната мрежа Х поранешен Твитер.
Видеото со изјавата во линкот
https://x.com/DrEliDavid/status/1936537899505271165?t=pQpRVN8tbEooe9xhX-8h1Q&s=19






