Голема аномалија во судењето на Жан Митрев – Сведок читал од записник што му го дала обвинителка (ВИДЕО)

Голема аномалија се случила за време на судењето на Жан Митрев кога сведок на обвинителството се обидел да сведочи читајќи од записникот за негов исказ даден во обвинителството кој што е составен од обвинителот при неговото сослушување, а записникот му го дала обвинителката Искра Хаџи Василева.



Оваа ситуација се забележува по повтореното изведување на доказите на Јавното обвинителство со репродукција на видео записникот од судењето во процесот против Жан Митрев во кое сега уште појасно се гледа дека сведоците не само што не ги потврдуваат наводите на обвинителството туку прават и прекршувања на законот, во случајов со читање на записникот за негово испитување составен од страна на обвинителот.

Дополнително, на повтореното изведување на доказите на Јавното обвинителство со репродукција на видео записникот се забележува дека на обвинителката не и е јасно дека оваа ситуација е забранета со закон.

Од видеото се гледа дека обвинителката признава дека направила нешто спротивно на законот за што добива објаснување и од судијата која и физички го одзема записникот од сведокот.

На судењето адвокатот Никола Додевски поставува процедурално прашање до судијата и бара да не се дозволи сведокот да користи исказ кој е забранет:

,,Сведокот има напишан исказ пред себе, отчукан на машина. Ве молам да не се дозволи тоа да го има пред себе и да го дава исказот само на прашања. Сведокот го има исказот од обвинителство”, вели адвокатот Додевски.

Судијката се согласува со адвокатот Никола Додевски како одбрана на Жан Митрев, бара сведокот да не ја користи белешката и да дава изјава според сеќавање.

,,Што сте кажале во текот на постапката, значи поентата на испитување на сведоците и оштетените е пред судот да дадат исказ за фактите кои што странките кои што ги предложиле ценат дека се релевантни. Доколку не се сеќавате на нешто што сте кажале ќе кажете, а поентата на испитувањето е и одбраната да има можност да ја испита кредибилноста на сведокот односно дали е вистина тоа што го зборува. Заради тоа овој исказ нема да го користите”, вели судијката која со тоа ја урива кредибилноста на исказот на сведокот на обвинителството.

На тоа јавната обвинитлка Искра Хаџи Василева реагира и на адвокатот Додевски му вели: ,,Јас сум го дала колега, има право да го има, ја не знам шо Ви се поентите”.

Ова е во директна спротивност со налогот на судијката која бара сведокот да не користи исказ кој воопшто не смеел да биде даден на сведокот.

Обвинителката најверојатно не знаела дека законот не дозволува сведокот воопшто да го има исказот што од него го земал и формулирал јавниот обвинител во предистражна или истражна постапка, а камоли да го чита таквиот исказ пред судот.

Тоа што исказот на сведокот му е даден од обвинителот значи дека му е даден за да го подготвува исказот така како што е формулиран од обвинителот. Тоа е всушност и признавање дека процесот е конструиран од обвинителството.

Врз основа на записи од повторното судење expres.mk направи видео реконструкција на дел од судењето кое што со помош на дигитални технологии ви ја пренесува атмосферата во судницата при повторното изведување на доказите на ОЈО а се темели на изјавата на сведокот, на судијката, обвинителката и одбраната на Жан Митрев.

Видеото со реконструкција на настаните не содржи оригинални снимки од судењето туку е направено со помош на записи од судењето и дигитална технологија. Дел од видео материјалите се генерирани со вештачка интелигенција.