Филипче ќе ја врател државата на вистинскиот пат

Според лидерот на СДСМ, за една година Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажала недомаќинско и неодговорно управување со државата. Филипче од Струга порача дека Владата не се грижела за иднината на земјата и граѓаните.



„Оваа влада не направи ништо за да им помогне на граѓаните во услови кога цените во маркетите дивеат. Не вложија во раст на платите на граѓаните – важна им е само ПР пропагандата за своите неуспешни политики да ги прикажат како успех.

Покажуваат неточни бројки, се фалат дека сме биле четврта економија во Европа, додека свесно ја туркаат државата во должничко ропство. Како никогаш досега сме задолжени, нов долг од 7 милијарди евра – долг кој останува на товар на идните генерации. Тоа е уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ не ги интересира ништо, освен личните интереси и профит.

За лошите економските политики, за закочениот евроинтеграциски процес, како и за подготвките за претстојните локални избори, разговаравме на регионалниот партиски состанок во Струга. Силата во СДСМ се враќа, не отстапуваме од борбата да ја вратиме државата на вистинскиот пат“, рече тој.