„Во согласност со Повелбата на ОН и нејзините одредби што дозволуваат легитимен одговор во самоодбрана, Иран ги задржува сите опции за одбрана на својот суверенитет, интереси и народ“, изјави иранскиот министер за надворешни работи Сејед Абас Аракчи на социјалната мрежа X.
Тој истакна дека САД, постојана членка на Советот за безбедност на ОН, извршиле сериозно кршење на Повелбата на ОН, меѓународното право и Договорот за неширење на нуклеарно оружје со напаѓање на мирни нуклеарни постројки на Иран.
Аракчи предупреди дека настаните од утрово се скандалозни и ќе имаат трајни последици.
Секоја членка на ОН треба да биде вознемирена од ова исклучително опасно, незаконско и криминално однесување, додаде тој.






