Неуспехот на преговорите со Грција и неизнаоѓањето решение за спорот со името нема да биде катастрофа за Македонија, туку за СДСМ и ДУИ вели поранешниот амбасадор и аналитичар, Арсим Зеколи. Во вчерашното гостување со екс-пратеникот на АСДСМ, Гордан Георгиев во „Само вистина“ на „Канал 5“ , Зеколи вели дека тие ја добиле само таа задача – да го испорачаат тоа, а за се друго да глумат.



„Зарем е чудна таа сличност во вокабуларот на СДСМ и на ДУИ, бидејќи не станува збор дека ова ќе биде катастрофа за Македонија. Тоа е духот што сакаат да ни го наметнат. Ќе биде катастрофа за СДСМ и ДУИ, затоа што тие влегоа свесно со поддршка и со намигнување од меѓународната заедница.

Вие немате што друго да правите, нема што да се борите спротив криминалот. Ќе глумите и тоа е она што е најбитно кај Американците .Perception of justice (перцепција за правда). Не правда туку перцепција за правда.

Нема што да правите економски реформи, секако имате медиуми, ќе го ширите тоа. Ваша единствена задача е решавање на спорот.

И сега тоа е нивната болка , стравот од тоа дека ни таа единствена задача нема да можат да ја испорачаат, треба да се префрли во општа траума. Но, тоа треба да се прекине. Зошто? Зашто тоа е истиот модус на Груевски… Ако тогаш сме го премолчеле, свесно, секој од своја итроманска причина, резултатот ќе биде ист“ вели Зеколи.

За односот на коалиционите партнери СДСМ и ДУИ и очекувањата од нив, Зеколи вели:

„Односот мој не е кон Заев, ниту кон Ахмети. Односот мој е кон владата. И ако таа влада, оваа сега сметала дека со Али Ахмети ќе има нешто ново, тогаш жалам. Зошто се жалите на мојот песимизам, жалете се на вашиот луд оптимизам“.

Запрашан дали очекувал нешто повеќе од ДУИ, Зеколи директен:

„Не, јас никогаш не очекувам повеќе од ДУИ“.

(по 23 минута)