Активистот за заштита на грчката историја, култура и цивилизација Никос Карабасис со многу емоции ја доживеал најавата дека Кошаркарската Федерација на с. Македонија од своето име ќе го избрише зборот северна и ќе стане Македонска.
Тој во објави на социјалните мрежи пишува дека со овој чин на тимот на Томе Главчев претседател на КФМ грчката држава се распушта.
Кошаркарската федерација на Македонија стана кошаркарска федерација на Северна Македонија кога на нејзино чело беше Перо Антиќ кој не го следеше патот на раководството на Фудбалската или Ракометната федерација кои останаа македонски.
Што со многу емоции напиша Карабасис по одлуката на КФМ да почне процедура за исфрлање на северна од името и враќање на зборот Македонска:
Сите дознаа: Грците се распродаваат. Сè. И плаќаат покрај тоа!
Доброволни робови.
Клетници, негодници, спремни да се откажат од своето име.
По „големите играчи“, дојдоа… Скопјаните.
По предавството на Преспа, сега е само „Македонија“.
Ни Северна, ни ништо.
Државата се распушта со… ратификација!
Нивната Кошаркарска Федерација го менува своето име.
Повторно „Македонска“.
А ние? Што правиме ние?
Победуваме на теренот, а губиме во Историјата.
Затоа што на нивните дресови пишува „Македонија“…
А нашите… напишани на нивните стари чевли!
Ова не е дипломатија.
Тоа е национално самоубиство.
И еден ден ќе нè прашаат:
„Кој дрес носевте?“
…И нема да имаме што да одговориме.“
За својата емотивна реакција Карабасис направил и видео






