Биљали: Меѓународната заедница нема план Б или Ц за Македонија

Мерсел Биљали, советник на премиерот Зоран Заев, вели дека не постои план Б за Македонија ако нема брзо решение за прашањето за разликата за името со Грција.



„Мислам дека нема никаков план Б или Ц. Едноставно, мислам дека треба да дејствуваме прагматично. Сметам дека грчката страна нема да ја има неопходната цврстина за да спречи преговори за членство, но верувам дека може да инсистира на некоја клаузула со цел да има конечен договор во идна фаза од преговарачкиот процес ако тоа не се случи сега. Но, што се однесува до поканата за НАТО, мислам дека ситуацијата тука е малку покомплицирана, бидејќи потребен е самит на НАТО, а потребен е и консензус со Грција за да се промени постојната одлука од претходниот самит, која вели дека Македонија не може да биде прифатена како членка додека не се реши спорот за името“, изјави советникот за меѓуетнички односи на претседателот на македонската Влада во интервју за Независна балканска новинска агенција (ИБНА).