Како гигантот Зегин со 10 пати поголем приход од мала вевчанска фирма направил 8 пати помал профит

Завчера порталот Фактор објави анализа на аптекарскиот бизнис во Македонија која откри огромни аномалии во остварените приходи и прикажаните расходи на дел од првите најголеми пет ланци аптеки во земјава.



Покрај неверојатниот профит на компанијата ,,Еурофарм” за минатата година која прикажала само 0.01 процент профит на над 60 милиони евра приход, од анализата на Фактор се гледа дека гигантот Зегин со 10 пати поголем приход од мала вевчанска фирма направил 8 пати помал профит од неа изразено во проценти.

Зегин лани остварил приходи од над 66 милиони евра а прикажал само 457 илјади евра профит или само 0,7 проценти од вкупниот приход.

Малку познатата аптекарска фирма Виа Фарм од Вевчани лани имала само 6,7 милиони евра а прикажала 367 илјади евра профит што е еднакво на 5,5 проценти од вкупниот профит.

Тоа значи дека во проценти малата вевчанска фирма Виа Фарм имала дури 8 пати поголем профит од гигантот Зегин ако се земе соодносот меѓу приходите и профитот.

За уште една споредба, фирмата ,,Моја аптека” која е сопственост на истите газди кои се сопственици на Зегин лани имала речиси 50 милиони евра приход но прикажала 2,4 милиони годишен профит или 4,8 проценти.

Со оглед на тоа што се работи за дејност каде што нема револуционерни методи на работа со цените на лековите и другите фармацевтски производи се со познати цени звучи неверојатно дека Зегин работи на граница на рентабилност а другата фирма од истите газди работи со многу поголем профит.

Зошто Зегин има речиси 7 пати помал профит од сестринската фирма е прашање за науката но можеби и за други соодветни институции кои вршат проверки на начинот на кој се пресметува и прикажува профитот во Македонија.

Заводот за статистика е една од државните институции која може да открие од каде доаѓа огромната дискрепанца во приходите и профитите на фирмите од ист сектор кои во случајот се и сестрински.

Зошто искуството на Моја Аптека не го користи и Зегин е прашање за кое може да се заинтересира и Стопанската комора која може да ги подучи своите членки како да прават поголеми профити.

За случајот Еурофарм каде состојбата е уште поалармантна од компанијата се уште нема објаснување како прикажале само 0.01 процент профит кога се знае дека се трошат стотици илјади евра само за поддршка на големи спортски проекти.

Во основачките документи на Зегин и Еурофарм не пишува дека тие се хумантирани организации туку дека се компании кои по дефиниција се борат за поголем профит.

Според македонските закони компаниите од вкупниот профит на државата плаќаат 10 проценти данок на добивка.

Тоа значи дека Зегин лани на државата и платил само околу 46 илјади евра или 0.07 проценти од ,,свртените” 66 милиони евра.

Во продолжение сторијата за чудниот профит на Еурофарм

Сигурно имаат книговодител магионичар – Заработиле 46 милиони евра, пријавиле само 6.700 евра профит