Здружението на воените ветерани на ОНА (ЗВВ-УЧК) преку нивните претставници се обратило со барање до САД и Европска унија.
Од Вашингтон и од Брисел бараат да се ангажираат за семејствата на мачениците, загинатите и ранетите од војната во 2001 година, да имаат ист третман како и другата завојуваната страна, пренесува весникот „Лајм“.
„Во име на ветераните, инвалиди, семејствата на мачениците на УЧК под амблемот на УЧК, од ова здружение бараат нивните легитимни барања да бидат земени во предвид. ЗВВ ќе испрати до амбасадите точни податоци за бројот на жртви за албанското прашање во ПЈРМ, за воените инвалиди, масакрираните, киднапираните кои се најдени и за исчезнатите, кои имаат мандат на албанскиот јазик, знаме, соодветно име на државата, образованието за еднаквост и европската иднина. Ние не сакаме привилегии или обештетување, бидејќи ниеден надоместокот не ја покрива најголемата жртва на хероите и нивните семејства, но ние сакаме соодветен третман како другата завојувана страна”, се вели во реакцијата на Здружението на воените ветерани на УЧК.





