„Макфакс“ истражуваше колку пари на холандските даночни обврзници завршиле како плата за Никола Димитров, како вработен и близок човек на претседателот на Институтот, Аби Вилијамс, за кого холандските медиуми објавија дека имал невообичаено висока плата од 223.497 евра годишно.
Според податоците од администрацијата на Институтот, Димитров, очекувано, земал помала плата од претседателот, но, сепак, меѓу повисоките – за него биле потрошени околу 200.000 евра од субвенциите за кои сега политичарите бараат отчет.
„Никола почна да работи за Хашкиот институт по 1 април 2014 година. Ја напуштил организацијата на 31 март 2017 година. Кога почна, доби плата од 5.144 евра бруто месечно, приближно 62.000 годишно, вклучувајќи ги и бенефициите како празник. Имаше неколку мали покачувања во неговата плата во годините во кои работеше за Институтот. Во последната година во Институтот добиваше 5.813 евра бруто месечно. Ова е приближно 75.000 евра годишно, повторно вклучувајќи бенефиции. Овие плати покажуваат дека тој имал постојано работно место“, велат од Институтот за истражувањето на Макфакс.мк
Целото истражување на следниот линк





