Рускиот парламент се очекува денеска да му одобри на Дмитриј Медведев уште еден мандат, еден ден откако претседателот Владимир Путин предложи Медведев да продолжи како премиер.
Путин, кој вчера положи заклетва на нов шестгодишен мандат како претседател, го поднесе предлогот во Долниот дом на Думата само неколку часа по неговата формална инаугурација.
Во Државната Дума, рускиот парламент) доминантна партија е Обединета Русија на Путин, а Медведев е партиски претседател. .
Според рускиот устав, владата е обврзана да поднесе оставка кога ќе започне новиот мандат на претседателот на државата.
Во руската државна хиерархија, премиерот е на второ место и е одговорен за економијата и му одговара директно на претседателот, пишува Радио Слободна Европа.
52-годишниот Медведев беше избран за претседател на Русија во 2008 година кога Путин го достигна уставен лимит од два последователни мандати.
Во2012 Путин и Медведев ги сменија местата.
Медведев беше шеф на кабинетот на Путин од 2003 до 2005 година.





