„Журнал“: За околу 30 отсто Албанци во РМ над 30 албански партии! Каде оди оваа земја со толку многу партии за толку малку Албанци?!

⁠⁠„Во Македонија, каде што има околу 620 илјади Албанци, или 29,52 проценти според пописот од 2021 година, во минатото се основани повеќе 30 политички партии, но во моментов се активни околу 10 политички партии, кои се групирани во два табора. Иако во минатото имало многу политички партии, од кои некои можеби постоеле само на хартија и имале многу малку гласачи, ова сепак покажува колку бил поделен и колку бил поларизиран гласот на Албанците. Поларизацијата предизвика секоја населба и секое село да има политичка партија! Каде оди оваа земја? Толку многу партии за толку малку Албанци…“ – наведува информативната агенција на албански јазик „Журнал“ воо својата анализа со наслов „Околу 30 проценти Албанци во Македонија со повеќе од 30 партии!“.



Покрај другото, во анализата се наведува и следното: „Во оваа земја со население од околу 2 милиони жители, каде што речиси 30 проценти се Албанци, Албанците продолжуваат да се соочуваат со елементарни проблеми на правдата, економијата, недостатокот на интеграција и институционалната нерамноправност.“