Раби Седрак: Бомбата што може да испровоцира трета светска војна е тешка над 13 тони и ја има само Америка

Безбедносниот експерт Раби Седрак во својата најнова анализа вели дека бомбата која треба да го уништи главниот Ирански нуклеарен капацитет е тешка над 13 тони и ја има само Америка.



Седрак вели дека оваа бомба може да биде повод за почеток на трета светска војна.

Целата нова анализа на Седрак:

Изгледа дека САД ќе го бомбардира главниот нуклеарен реактор на Иран и ќе започне конечно третата светска војна, особено дека иранската телевизија објави дека нè очекува едно големо изненадување кое ќе го потресе цел свет!

Според американските медиуми, Трамп донел одлука директно да интервенира и има намера всушност да го нападне Иран. Овој пат, целта е најопасниот и најважниот нуклеарен објект во Иран и целиот Блиски Исток: центарот за збогатување нуклеарно ураниум ФОРДОУ.

Меѓувреме, врховниот лидер на Иран, Хамнеи, исчезна, не можат да го најдат, и целата држава сега официјално е во рацете на Револуционерната гарда, (најекстремистичкиот авторитет во Иран). Од другата страна, бомбардирањето на центарот на Тел Авив започна пред неколку минути!

Трамп одржа итен состанок со Советот за национална безбедност во собата за ситуации во Белата куќа и моментално го разгледува планот за воен напад врз Иран.

Нападот ќе биде насочен кон нуклеарниот објект ФОРДОУ на Иран, кој се наоѓа од прилика 100 метри под масивна земја во срцето на некоја гранитна планина.

ФОРДОУ се смета за најопасниот нуклеарен објект што го поседува Иран, кој содржи голема количина од радиоактивен ураниум збогатен до нивоа што надминуваат 70% (според меѓународната агенција за атомска енергија, количината што ја поседува Иран би можела да му овозможи да произведе нуклеарна бомба во рок од неколку дена).

Израелската армија нема капацитет да го уништи објектот, поради неговата длабочина и утврдувања, бара посебен вид бомба што Израел не ја поседува. Единствената друга држава што ја поседува е САД. Затоа, САД ќе мора директно да го започне нападот.

Според CNN, нападот ќе биде извршен со џиновска ракета наречена GBU-57/B, што тежи 13,6 тони и е дизајнирана да пробива планини и нуклеарни утврдувања. Поради својата огромна тежина и големина, само нуклеарниот бомбардер B-2 Spirit на САД може да ја носи.

Според Axios, овој напад веројатно ќе дојде од базата Диего Гарсија во индискиот океан, која се смета за најблиска и најдобра опремена база блиска до таргетот. За да стигнат до ФОРДОУ, нуклеарниот бомбардер и борбените авиони што ќе го придружуваат за да го заштитат ќе мора да се наполнат со гориво во воздух.

Трамп напиша пред неколку часа на Truth Social дека сега го контролираме небото над Иран и нашето трпение е при крај. Веднаш потоа, напиша уште еден пост во кој му се заканува на иранскиот лидер со атентат, велејќи дека ја знаеме локацијата на Врховниот лидер, лесна цел е, но засега безбедна.

Секако, не се согласуваат сите со изјавите на Трамп, особено затоа што директната интервенција значи дека Иран може да ги бомбардира сите американски бази во Заливот со целата своја ракетна моќ, претворајќи го целиот регион на заливот во пекол (има над 30 американски бази таму), а можеби дури и ќе го затвори Ормутскиот теснец, уништувајќи го она што останува од меѓународната трговија и светската економија. (од енергетски аспект).

Сенатор Томас Масии сега отворено и силно му се спротивставува на Трамп, велејќи дека ова не е наша војна. Исто така, поранешниот претседателски кандидат Берни Сандерс вели дека Уставот на САД е јасен по ова прашање дека одлуката за војна мора да дојде од Конгресот, и дека Трамп не може сам да ја донесе одлуката за војна.

Но, најверојатно е дека Трамп ќе го игнорира уставот и ќе интервенира за да го спаси Нетанјаху, кој го притиска секој ден, заедно со еврејскиот лоби во САД.

Што се случи во Иран?

Опозицискиот канал Иран Интернашионал пред малку објави дека врховниот лидер Хамнеии ги предал своите овластувања на Врховниот совет на револуционерната гарда и дека тој и неговото семејство се криеле на тајни подземни локации за да се заштитат од американското бомбардирање.

Тоа значи дека оние кои моментално ја имаат моќта за донесување одлуки во Иран не се више свештеници туку брутални и екстремистички воени лидери кои работат според политиката на или победа или смрт.

Овие лидери веќе започнале со подготовката на своите балистички ракети за да ги погодат американските бази во регионот (над 30 бази), најверојатно првиот удар ќе биде во базите во Ирак!

Покрај тоа, пред малку, иранската телевизија емитуваше изјави дека вечерва ќе се случи изненадување што светот нема да го заборави со векови. Веднаш потоа, започна бомбардирањето на центарот на градот Тел Авив.

Страшното е дека многу ирански медиуми објавуваат нејасни слики од нуклеарни ракети кои се во функција веќе. Не се знае дали ова е точно или не (можеби АИ снимки).

Дали е можно Иран да одлучил да изврши некоја нуклеарна пробна експлозија во наредните часови, со цел да го исплаши западот и да ја одбраќа непосредниот американски напад? Или САД ќе биде побрза и ќе го уништи реакторот и целата иранската држава засекогаш?

Одговорот ќе биде за кратко и ќе ја одреди судбината на Блискиот Исток за наредните 100 години.