Советник на Заев бил под лупа на српските антикорупционери

Љубомир Шубара, надворешен соработник на премиерот Заев за финансии, банкарство и инвестиции, бил под истрага на српските власти пред 2105 година.



Српската државна Агенција за борба против корупција го истражувала откако во исто време бил и застапник на капиталот и претседател на надзорни одбори во српски компании, дознава expres.mk од српски партиски извори.

За антикорупциската агенција на Србија била спорна неговата позиција застапник на американското представништво „Лајон УСА”.

Шубара краток период бил директор на српската Агенција за приватизација а бил критикуван за непотизам откако во институцијата вработил свои луѓе. Шубара по само неколку месеци на оваа функција на скандалозен начин е сменет од српската влада.

Шубара кој е магистер по економски науки бил директор на дирекција и одделение во Народна Банка на Југославија до 2001 година и советник на екс гувернер на НБЈ.