Македонскиот национален координатор за НАТО Стево Пендаровски досега не видел достоинствено решение од Атина во спорот за името. Според него дел од досегашните барања не можат да бидат исполнети.
“Досега не видов достоинствен потег од Грција за решавање на спорот со името. Треба да се убеди народот дека јазикот и националната припадност не се предмет на разговорите. Досега има барања од Грција кои не можат да бидат исполнети.
Ако Грција сака да биде поконструтивна, ќе изврши притисок. Првиот принцип е дека Грција е членка на ЕУ и НАТО. Ниту една од овие организации не би сакала Грција да замине и на нејзиното место да дојде Македонија. Не верувам дека ЕУ и НАТО би користеле ваков принцип. Но што би се случило кога не би и давале кредит на Грција? Тогаш би паднала владата и на нивното место би дошла опозицијата. Грчката опозиција нема различен став на оваа тема. Без разлика дали ќе бидеме членка на НАТО или не, ние ќе продолжиме со реформите. Од причина што наредната година ќе има избори и во двете земји, се формираат динамики за побрзо решавање на името, вели Пендаровски за весникот Заман.
На прашањето дали според последната изјава на Заев можр да се заклучи дека 0е паузиран спорот за името, Пендаровски вели дека премиерот Заев секогаш позитивно размислува на оваа тема.
“Всушност тој на секоја тема има позитивно мислење. Овие изјави се даваат за да го мобилизираат општеството. Да не се опуштаа премногу. Да видиме што ќе се случи овие два месеца, па потоа ќе го дадеме максимумот. Лидерите треба да ги мотивираат останатите. Политичар од Владата никогаш не треба да биде депресивен”, заклучува националниот координатор за НАТО.




