Претседателката Гордана Сиљановска Давкова од Самитот на Процесот на соработка во Југоисточна Европа во Тирана порачува дека регионот не смее да дозволи да биде геополитичка и геоекономска периферија.
Сиљановска Давкова вели дека ако самите не се почитувате никој нема да ве почитува.

,,По минатогодишниот самит во Скопје, ме радува што по вторпат сум дел од еден успешен Процес за соработка.
Честитки до домаќините за претседавањето, благодарност за сѐ што направија во остварувањето на заедничките приоритети!
Ние не смееме да дозволиме да бидеме геополитичка и геоекономска периферија. Потребна ни е соработка: инфраструктурна, економска, енергетска, дигитална зашто преку неа ќе изградиме посилен, поповрзан и поконкурентен регион.
Верувам во регионалното единство и повикувам на јасен, силен и единствен регионален глас што ќе ја обликува нашата заедничка иднина во Европа!
Да не очекуваме да нè почитуваат ако не се почитуваме меѓусебе”, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова во изјавата за јавност.

Таа од вчера е во Тирана каде учествува на регионалниот самит и се среќава со претставници на македонската заедница во Албанија.
Поврзана вест







